По повод Светскиот ден на културното наследство – 18 Април ќе има бесплатен влез во сите музеи и локалитети низ државата, објави денеска на фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.
Според неа, македонската култура и уметност е богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува.
-Дојдете, посетете и истражете на 18-ти април, напиша Костадиновска – Стојчевска. (МИА)