СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.О.(37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 10.04.2023 во Битола, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.
Од судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор.