недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Словенечка пресметка во финалето од АБА2 лигата

Словенечка пресметка во финалето од АБА2 лигата

Словенечките екипи Крка и Хелиос ќе играат во финале на завршницата од регионалната кошаркарска АБА2 лига, по победите што ги забележаа во денешните полуфинални пресметки на завршниот турнир во Домжале.

Крка за противник во првото полуфинале го имаше тимот на Подгорица, меч на кој тимот од Словенија рутински славеше со 86:74.

Домаќинот Хелиос по убедливиот триумф над Пелистер во четвртфиналето, денеска повторно славеше со импресивна игра, декласирајќи го составот на Широки бријег со убедливи 91:79.