Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни проследени со грмежи и засилен ветер, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Во среда времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во четврток времето ќе биде променливо со сончеви периоди и со повремен умерен до пороен дожд претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.