среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Кире Лазаров на списокот има 35 ракометари за клучните дуели за пласман на ЕП 2024 (ФОТО)

Кире Лазаров на списокот има 35 ракометари за клучните дуели за пласман на ЕП 2024 (ФОТО)

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на играчи за последните два квалификациски дуели, кои треба да го дадат патникот за Европското првенство 2024 година.

На списокот на Лазаров има дури 35 играчи, а Македонија во последните две кола ќе игра на гости против Луксембург (26 април) и дома против Турција (30 април).

На двата меча Македонија ја има фаворитската улога и треба да победи за да го продолжи континиутетот со пласман на големите ракометни натпреварувања.