Наполи го загуби првиот четвртфинален меч против Милан (1-0), но ќе има можност на свој терен да ги промени работите и да дојде до полуфиналето во Лигата на шампионите.
Секако тоа нема да биде лесна мисија ако се земат во предвид двата меча кои овие две екипи ги одиграа изминатиов месец, средби во кои „росонерите“ триумфираа со 4-0 и 1-0 што е доволно предупредување за актуелниот лидер во Серија А.
Тренерот Лучијано Спалети го почитува противникот, но верува дека неговите момци засилени со напаѓачот Виктор Осимен ќе можат вистински да одговорат на предизвикот на „Диего Армандо Марадона“.
-Се обидовме да се подготвиме за повеќе сценарија. Во оваа фаза од натпреварувањето, мора да се размислува за сè. Да, вежбавме и пенали, како што и исто верувам дека тие играат модерен, напаѓачки фудбал со висок пресинг. Заслужија да го освојат Скудетото минатата сезона. Сега доаѓаат да наметнат свој ритам. Тоа што ќе имаат работа со Осимен може да им ги расипе плановите. Притисок? Ризик? Нема никаков притисок или ризик. Единствениот ризик е да се постигне бесконечна радост, затоа што никогаш досега Наполи не играл на ова ниво. Не сме го кажале последниот збор, одиме понатаму, -порача предводникот на наполитанците.