петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти: Во овој клуб многу ни е јасно што треба да направиме

Анчелоти: Во овој клуб многу ни е јасно што треба да направиме

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид ја доби првата пресметка со Челси, кралскиот клуб е голем фаворит за пласман во полуфиналето, но стратегот на оваа екипа Карло Анчелоти предупредува дека ништо не е готово.

„Добри сме и мотивирани како и секогаш. Ова се важни мечеви во важно натпреварување. Размислуваме како да треба да одиграме цел меч од 0-0. Имаме 90 минути и во вакви натпреварувања се може да се случи. Ние сме подготвени да одиграме најдобро што можеме“, вели Анчелоти.

„Во овој клуб многу јасно знаеме што треба да направиме, што не е секогаш победување туку да се бориме до крајот со сета енергија која ја имаме. Можеби ќе имаме среќа да играме уште едно полуфинале и финале, но да одиме чекор по чекор. Доколку се пласираме во полуфиналето, сме одработиле добро“.