недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти: Очекувам Крос да ја заврши кариерата во Реал Мадрид

Анчелоти: Очекувам Крос да ја заврши кариерата во Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти проговори за продолжување на договорот со играчот од средниот ред Тони Крос.

-Крос е клупска легенда. Тој е врвен играч. Нов договор? Очекувам Крос дефинитивно да ја заврши кариерата тука во Реал Мадрид, изјави Анчелоти.

Новинарот Фабрицио Романо напиша дека 33-годишниот фудбалер договорил нова соработка со клубот кој ќе биде со важност до јуни 2024 година.

Крос е во Мадрид од летото 2014 година. Вкупно за „Кралевите“ настапи на 405 натпревари, постигна 27 гола и 88 асистенции. (МИА)