Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо го привлече вниманието со својата најнова објава на Инстаграм на која позира во сауна, а многу фанови забележаа дека има црно обоени нокти на стапалата – постои добра причина зошто тој и другите врвни спортисти се одлучуваат да го направат тоа.
И додека неговата импресивна фигура е во преден план, многу фанови се прашуваат зошто му се лакирани ноктите на нозете, а Билд пишува дека причината е многу едноставна.
Многу врвни спортисти, како ММА борците, исто така ги лакираат ноктите, а според извор на германски Билд, спортистите ги лакираат или ги покриваат со заштитен слој за да спречат габи и бактерии на ноктите.
Не е првпат Роналдо да биде забележан со лакирани нокти, бидејќи уште во јануари ММА борецот Френсис Нгану објави фотографија со Роналдо како се гушка и ги покажува лакираните нокти на португалската ѕвезда.
38-годишникот, кој има освоено пет Златни топки – постигна 11 гола во 12 натпревари откако се приклучи на саудискиот тим Ал-Наср на почетокот на годината.