понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан и Реал Мадрид први полуфиналисти во фудбалската ЛШ

Милан и Реал Мадрид први полуфиналисти во фудбалската ЛШ
MILAN, ITALY - NOVEMBER 02: Olivier Giroud (R) of AC Milan celebrates with his team-mate Rafael Leao (L) after scoring the opening goal during the UEFA Champions League group E match between AC Milan and FC Salzburg at Giuseppe Meazza Stadium on November 02, 2022 in Milan, Italy. (Photo by Marco Luzzani/Getty Images)

Италијанскиот фудбалски гигант Милан обезбеди место во полуфиналето во Лигата на шампионите, откако со „реми“ 1-1 во Неапол успеа да се пласира меѓу најдобрите четири тима во Европа.

Интересен беше мечот во Неапол, имаше од се по нешто, за жал само по еден гол на двете страни. Два пенали и двата нереализирани по еден на двете страни, но на крајот Жиру донесе предност за Милан, која беше актуелна до крајот на мечот кога Наполи успеа да израмни.

Наполи долго време го бараше израмнувањето, но одбраната на Милан беше на место, и пред се Мањан кој имаше одлични интервенции.

Дефинитивно Мањан ги згасна надежите на Наполи со одбранетиот пенал на Кварацхелија во 82. минута. На крајот Осимен постигна гол, кој не беше доволен за продолжение или поволен резултат. Елиф Елмас влезе од клупата за резерви во 63. минута.

Реал Мадрид едноставно е неприкосновен во Лигата на шампионите. Вечерва со триумф над Челси во Лондон, „кралевите“ само го заверија пласманот во полуфиналето.

Реал Мадрид најпрво одолеа на нападите на Челси во првиот дел и се одбрани по шансите на Канте и на Кукурелја, за во вториот дел да не му даде никаква шанса на англискиот тим да се надева дека може да ја расипе работата.

Родриго со погодената статива во првиот дел како да најави што ќе се случува, а во вториот дел со два гола успеа да донесе триумф на мадриѓаните. Родриго првиот гол го постигна во 58. минута на асистенција на Винициус Жуниор, а судбината на Челси и дефинитивно ја запечати во 80. минута кога погоди по асистенција на Валверде.

Реал во полуфиналето го чека подобриот од дуелот Баерн Минхен – Манчестер Сити (англискиот тим има предност од 3-0 по првиот меч), а утре Интер со предност од 2-0 ќе ја дочека Бенфика, и ако помине, ќе игра против Милан во полуфиналето.