Грчкиот кошаркарски клуб АЕК доби казна за нередот кои неговите навивачи го направија на мечот против израелски Хапоел во Лигата на шампионите.
Во четвртфиналето навивачите фрлаа предмети на теренот и на трибините и повредија фанови на гостинскиот клуб. Се фрлаше и пиротехника на трибините, се запали и знаме на Израел.
Истовремено, како провокација се вееја и знамиња од Палестина. Поради овој инцидент АЕК ќе игра цела сезона без публика во ЛШ, а ќе плати и казна од 50.000 евра.