вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје Аеродром се трет најгледан тим во АБА лигата

МЗТ Скопје Аеродром се трет најгледан тим во АБА лигата

Регуларниот дел од регионалната АБА лига е пред самиот крај каде што преостанаа уште два натпревари без резултатско значење.

Македонскиот кошаркарски претставник МЗТ Скоје за жал не успеа да избори опстанок и наредната сезона повторно ќе се натпреварува во АБА 2 лигата.

Резултатски сезоната на МЗТ можеби беше фијаско, меѓутоа мала утеха е што навивачите на МЗТ беа помеѓу најдобрите и најверните во лигата. Имено, бројките покажуваат дека МЗТ е трет најгледан тим во АБА лигата,а пред него се големите кошаркарски гиганти и евролигаши Партизан и Црвена Звезда.

На трибините во „Јане Сандански“ вкупно имало 35.510 навивачи во 13 натпревари и тоа во просек е по 2.731 навивач по натпревар.