Спортската академија Кавадарци ќе отвори наменска паралелка за кошарка во машка и женска конкуренција, а селективниот тренинг за сите заинтересирани ќе се одржи на почетокот на мај.
Изнесувајќи детали преку социјалните мрежи, кавадаречката Спортска академија синоќа информираше дека за запишаните ученици во кошаркарската паралелка ќе бидат обезбедени месечни стипендии во износ од 3.500 денари, комплетна спортска опрема, секојдневни тренинзи со стручни професионални тренери, висински подготовки, бесплатно сместување, гимназиско образование, како и можност за запишување на факултет.
Селективниот тренинг е закажан на 5 мај, во училишната спортска сала на СОЗШУ „Ѓорче Петров“ во Кавадарци.
Пријавувањето и поминувањето на селективниот тренинг, е условот за запишување во Спортската академија.