петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Привремениот тренер на Тотенхем отпуштен

Привремениот тренер на Тотенхем отпуштен

Поранешниот фудбалски тренер Кристијан Стелини е разрешен од функцијата привремен тренер на Тотенхем, заедно со неговиот стручен штаб.

Неговата позиција до крајот на сезоната ќе ја преземе Рајан Мејсон, кој по втор пат ќе го преземе тимот на привремена основа, откако минатиот пат го наследи Жозе Мурињо.

– Неделниот натпревар против Њукасл беше целосно неприфатлив. Беше поразително да се види. Можеме да погледнеме многу причини зошто тоа се случи, но јас, Управата, тренерите и играчите мора да преземеме колективна одговорност. Во крајна линија, одговорноста е моја – изјави Стелини по фијаското.