Претседателот на Европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин најави големи промени во иднината на фудбалските натпреварувања на УЕФА.
По примерот на НБА, планот е да се воведе максимален буџет на клубовите за плати на играчите, т.е. „селери кап“.
„Во иднина мора сериозно да размислуваме за „селери кап“. Затоа што ако буџетите одат превисоко, тогаш нашата конкурентност е проблем. Изненадувачки, сите се согласуваат. Големи клубови, мали клубови, државни клубови, оние во сопственост на милијардери, сите. Се надевам дека тоа ќе биде изводливо што е можно поскоро. Штотуку почнавме да разговараме за тоа и мислам дека тоа е решението“, изјави Чеферин.
Тој неодамна доби уште еден мандат на чело на УЕФА.