петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Цеца ќе добие уште едно внуче, Анастасија е бремена

Цеца ќе добие уште едно внуче, Анастасија е бремена

Според српските медиуми, Анастасија Ражнатовиќ забременила со своето момче Немања Гудељ и моментално е во петтиот месец од бременоста.

Анастасија веќе извесен период е во Шпанија, каде што ужива со своето момче. Колку се сакаат и колку е сериозна оваа врска, говори и фактот што Немања и Анастасија за неколку месеци ќе станат родители. Тие го користат секој слободен момент да го поминат заедно, а со своите следбеници на Инстаграм споделуваат прекрасни спомени од Шпанија.

Инаку, како што неодамна откри Цеца, Анастасија во моментов не може да се врати во Србија поради документи, па го пропушти славењето на полнолетството на нејзината братучетка и раѓањето на нејзиниот внук Крстан Ражнатовиќ.

Откако се дозна дека е бремена, јасно е зошто пропуштила вакви важни настани на семејството Ражнатовиќ.

Најнови вести