Катар ќе биде домаќин на Светското првенство во кошарка во 2027 година. При донесувањето на одлуката, Централниот одбор на ФИБА бил импресиониран од понудата, а особено од елементите околу компактната географска природа, уникатната флексибилност со распоредот на местото на турнирот за подобро да им служи на навивачите.
Сите натпревари ќе се играат во Доха, по примерот на светското првенство во фудбал кое се одржа на крајот од минатата година. Интересно, сите шест сали во кои ќе се играат натпреварите се веќе изградени.