Српскиот претседател Александар Вучиќ на церемонија со американскиот амбасадор Кристофер Хил и британскиот амбасадор Шан Меклаод денеска ја отвори делницата „Моравски коридор“, од Појат до Макрешан, долга 17 километри, од автопатот што го градат „Бехтел и Енка“ и британската агенција „УК експорт фајнанс“.
Појасни дека на речиси 17 километарската делница изградени се 7 моста, 3 надвозници, 6 столбови од плочи и 3 потпорни ѕидови.
Се пофали и дека овој автопат е најширок во Србија и на него ќе може да се патува со брзина до 130 километри на час.
Претходно Вучиќ, заедно со амбасадорите, со премиерката Ана Брнабиќ и со неколку министри, ја поминаа трасата на новиот пат во отворен автобус.
До октомври треба да бидат завршени уште 10,7 километри до Кошево, што ќе го поврзе Крушевац со автопатот.