Кошаркарската репрезентацијата на Србија доби убедливо најлесна група на денешната ждрепка за Светското првенство што од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипини.
Србите се во групата Б со дебитантот Јужен Судан, Порторико и Кина, а и во втората фаза нема да многу тешка задача бидејќи вкрстува со селекциите на Филипини, Италија, Доминиканска Република и Ангола.
На селекцијата на нашиот северен сосед ѝ се оствари и желбата целиот Мундобаскет да го помине во Манила каде ќе се игра и завршницата од планетарниот шампионат.
Интересно е тоа што селектор на Кина е српската кошаркарска легенда Александар Ѓорѓевиќ за кого судбината сакаше во дебито на големите натпреварувања со оваа селекција да се сретне против репрезентацијата на својата татковина.