четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Пабло Ласо е новиот тренер на Баерн Минхен

Пабло Ласо е новиот тренер на Баерн Минхен

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Пабло Ласо во следната сезона ќе го предводи германскиот Баерн Минхен, објавија Еурохупс и „Марка“.

Управата на Баерн е незадоволна од игрите на клубот во Евролигата, одлучи на крајот од сезоната да се раздели со актуелниот тренер Андреа Тринкиери и негова замена да биде трофејниот шпански тренер.

Според шпанскиот весник „Марка“, Ласо веќе потпишал трогодишен договор со Баерн кој има големи амбиции за следната сезона.