Осум деца, припадник на обезбедувањето и професорка се убиени кога 14-годишно момче пукаше во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, јави Б92, потенцирајќи дека засега нема официјална потврда.
Момчето упаднало на час по историја и почнало да пука кон учениците, потврдено за Б92.
Едно дете е животно загрозено и во моментов е на операција каде му се третира повреда на главата. Други две деца се хоспитализирани со прострелни рани и во моментот се на интензивна нега.
„Доби единица по историја и затоа полуде. Пукаше во наставничката по историја на час, а потоа и во неговите другари. Тој ги има сите петки, сите го знаеме како бубалица“.
Вака учениците од ОУ „Владислав Рибникар“, каде што седмоодделенец влета на час и со пиштолот на татко му уби неколку лица.
Напаѓачот е уапсен.