среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Уапсени родителите на детето кое направи масакр во Белград

Уапсени родителите на детето кое направи масакр во Белград

Министерот за внатрешни работи на Србија Братислав Гашиќ изјави дека покрај момчето кое денеска го изврши масакрот во училиштето во Врачар, уапсен е и неговиот татко.

Дел од српските медиуми неофицијално јавуваат дека покрај таткото, уапсена е и мајката на момчето. Во домот на семејството бил извршен нов претрес. Засега не се познати повеќе детали.

Момчето, како што беше кажано на вонредна медиумска конференција, имало список со имињата на децата кои планирало да ги ликвидира. На училиште дошол со оружје што му го одзел на татко му.

-Таткото тврди дека пиштолите биле заклучени во сефот под шифра, но очигледно детето ја имало шифрата на тој сеф, покрај двата пиштола, пронајдени се уште три рамки полни со куршуми. Неофицијално, заедно со неговиот татко, тој одел на стрелишта, вежбал пукање. Во секој случај, а против таткото ќе бидат преземени мерките предвидени со законот“, изјави министерот Гашиќ.