Коста К.(13), кој вчера наутро уби осум врсници и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, на социјалните мрежи објавил застрашувачка фотографија.
Во 2020-та година, кога имаше 10 години, Коста на социјалните мрежи објави своја фотографија, која е идентична со насловната фотографија од хорор филмот „The Purge“ (Чистка), во кој некоја замислена влада донесува одлука дека секој може да биде убиен тој ден.
Од неговата објава може да се види дека и тогаш не му била туѓа идејата за убиство.