Докторот Александар Стијачиќ од Заводот за итна медицинска помош прв по пријавувањето на масакрот влегол во основното училиште „Владислав Рибникар“, а потоа и во училницата каде Коста К. усмрти дел од соучениците.
Стијачиќ истакнува дека вакво нешто не видел во кариерата и дека тој и неговите колеги направиле се за да ги спасат ранетите деца. Како што вели, за жал на нивните соученици, веднаш по влегувањето во училница можел само да констатира смрт.
– Кога влеговме внатре, тоа беше нешто што не сум го видел досега, работам овде 30 години и сум видел секакви убиства, несреќи, но ова е нешто што остава впечаток, не само на мене туку на сите што беа таму- вели д-р Стијачиќ.
Докторот додава и дека му пришла пријателка пред училиштето и го прашала дали го видел нејзиното дете.Како што вели, меѓу жртвите било и нејзиното дете, но немал сила да и каже.
– Ми пријде другарка, чие дете беше внатре, го познавам и детето и неа. Знаев дека детето е мртво, не можев да и кажам, реков – оди во училишниот двор и види што се случува. Не смеев да и кажам, жената ќе умреше, објаснува Стијачиќ.