Поранешниот македонски кошаркарски селектор, Јорданчо Давитков повторно ќе работи надвор од нашата средина и тоа во средина која многу му е добро позната-тоа е тимот на Ал Кадсија.
Се работи за клубот од Кувајт кој Давитков го водеше во два периоди од 2008 до 2011 и од 2018 до 2020 година, односно ова ќе биде трет негов мандат.
Тој имаше одлични резултати на кормилото на Ал Кадсија, па желбата и амбициите се истите да се повторат и во оваа нова приказна.
Инаку Давитков во изминатиов период ја водеше Струмица, а претходно освен во Македонија работеше и во Исланд, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Романија.