недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Јулијан Нагелсман е се поблиску до новиот клуб

Јулијан Нагелсман е се поблиску до новиот клуб

Јулијан Нагелсман е се поблиску до преземање на Тотенхем, пишува Скај. Првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви е дециден за Германецот и наскоро треба да се водат конечни преговори.

Германскиот новинар Флоријан Плетенберг тврди дека Нагелсман го сака Тотенхем и го смета за голем клуб со голем потенцијал. Единствено што го загрижува е колку ќе учествува во трансферите и кроењето на клупската политика.

Германскиот гигант Баерн Минхен прилично ја изненади фудбалската јавност кога на крајот на март му врачи отказ на Јулијан Нагелсман (35) и на негово место го стави Томас Тухел. Тотенхем во моментов е без менаџер по отказот на Антонио Конте.