вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нагелсман го врати Хумелс и повика тројца дебитанти за селекторското деби

Нагелсман го врати Хумелс и повика тројца дебитанти за селекторското деби

Новиот селектор на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го објави денеска списокот со 26 фудбалери за пријателските натпревари против САД и Мексико закажани за средината на овој месец.

Нагелсман го врати во репрезентацијата искусниот Матс Хумелс, кој последен пат го облече националниот дрес во мај 2021 година, а избра и тројца дебитанти во Роберт Андрич од Баер Леверкузен, Кевин Беренс од Унион Берлин и Крис Фухрих од Штутгарт.

„Ние сме нова тренерска екипа и сакаме да видиме што повеќе играчи во кругот на репрезентацијата. Целта ни е што поскоро да се навикнеме едни на други за краткиот период кој го имаме и да се обидеме во неколку тренинзи за имплементација на содржина“, рече Нагелсман, кој на 22 минатиот месец беше назначен на селекторската клупа на местото на Ханси Флик.

Германија имаше разочарувачки настап на Светското првенство во Катар на кое доживеа елиминација во групната фаза, а ќе биде домаќин на Европското првенство закажано за идното лето.