четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нагелсман потпиша – селектор на Германија само до ЕП 2024

Нагелсман потпиша – селектор на Германија само до ЕП 2024

Јулијан Нагелсман и офицјиално го потпиша договорот со кој овој стручњак ќе биде нов селектор на Германија и ќе ја предводи оваа селекција на претстојниот европски шампионат.

Она што е мало изненадување, Нагелсман не потпиша долгорочен договор, туку соработката се однесува само за наредните девет месеци. Продолжување на договорот ќе се дискутира дури по завршувањето на ЕВРО 2024, во зависност од резултатот на домашната селекција на овој европски шампионат. Нагелсман ги избрал и своите помошници во националниот тим, Сандро Вагнер и Бенџамин Глик, кои му беа соработници во Баерн, ќе бидат крај него и при работата со германската репрезентација.

„Имаме Европско првенство што се одржува во нашата земја, тоа е нешто многу специјално, нешто што се случува на неколку децении. Ќе сторам се што можам за да имаме одличен трнир и да донесеме голема радост, максимално сум мотивиран за овој огромен предизвик“, изјави Нагелсман.

Баерн Минхен не само што даде зелено светло за Нагелсман да може да замине на кормилото на националниот тим, баварскиот гигант дури се согласи да покрие над еден милион евра од неговата селекторска плата до крајот на годинава, за возврат Нагелсман потпиша раскин со кој ништо не му следува за преостанатите две години од договорот што го имаше со баварскиот гигант.