петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти: Што и да се случи,мојата иднина е јасна

Анчелоти: Што и да се случи,мојата иднина е јасна

Шпанскиот фудбалски великан Реал Мадрид игра неколку важни натпревари во наредниот период почнувајќи од вечерва каде со Осасуна ќе се бори за трофејот во Купот на Шпанија.

Потоа следи двомечот со Манчестер Сити во полуфиналето на Лигата на шампионите, но тренерот Карло Анчелоти е мирен и смета дека исходот од овие битки нема да има никакво влијание врз неговата иднина во Реал со кого има договор до 2024 година.

-Што е влогот за мене во наредните 11 дена? Играм во финалето во Купот и полуфиналето во Лигата на шампионите. Ништо друго, мојот живот е добар. Мојата иднина е многу јасна затоа што мојот договор истекува во 2024 година, а не утре. Чувствувам голема љубов од целиот клуб, претседателот и Хосе Анхел Санчез, тоа за мене е доволно, -порача Италијанецот кој во изминативе месеци постојано го поврзуваат со преземање на бразилската репрезентација.