понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хари Кејн го прескокна Вејн Руни на вечната листа стрелци во Премиер лигата (ФОТО)

Хари Кејн го прескокна Вејн Руни на вечната листа стрелци во Премиер лигата (ФОТО)

Фудбалерите на Тотенхем во натпревар од Премиер лигата го совладаа Кристал Палас со 1:0 во рамките од 35-тото коло.

Eдинствениот гол на натпреварот беше дело на најдобриот играч на „петлите“, Хари Кејн во судиското продолжение од првото полувреме.

За Кејн ова беше 209-ти гол во Премиер лигата и така го прескокна Вејн Руни на вечната листа стрелци на Премиер лигата. На врвот и понатаму останува легендарниот Алан Ширер кој во најсилната англиска конкуренција постигна 260 голови.