недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Пелистер и Работнички се пласираа во полуфиналето на македонскиот шампионат

Пелистер и Работнички се пласираа во полуфиналето на македонскиот шампионат

Битолски Пелистер ја искористи предноста на домашниот терен во четвртфиналната серија кој прв до две победи против Феникс (81:56) и се пласира во полуфиналето од разигрувањето за шампионската титула во мак-баскетот.

„Зелените“ дома во третата средба го суредија Феникс за десет минути и така со 2:1 ја добија четвртфиналната серија. Пелистер во полуфиналето ќе игра против ТФТ, додека во другиот дуел се среќаваат лутите градски ривали МЗТ Скопје и Работнички.

Стајиќ со 19 поени беше најефикасен кај Пелистер, но најдобар беше Маслинко со 17 поени и 14 скокови. Во составот на Феникс, Хот имаше дабл-дабл учинок со 22 поени и 11 скокови.

Кошаркарите на Работнички издвојуваа победа над Гостивар од 77-63 во „мајсторската“ од четвртфиналето на плеј-офот во најсилниот домашен шампионат.

Умпиг со 17 поени беше прв стрелец кај победникот, Малешевиќ додаде 16, Нотиџ уфрли 14, а Шошкиќ 12 кошеви. Корсантија за Гостивар беше автор на 18 поени и 9 скока.

Во второто полуфинале ТФТ ќе игра со Пелистер.