среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Маурицио Покетино ќе биде новиот тренер на Челси

Маурицио Покетино ќе биде новиот тренер на Челси

Англискиот премиерлигаш Челси и Маурицио Покетино постигнаа договор според кој Аргентинецот ќе ги предводи Сините од следната сезона, објави Скај спорт.

Договорот се очекува да биде потпишан во текот на наредната недела, а Покетино ќе ја презеде екипата по завршување на сезоната.

Аргентинецот во наредните денови, пред официјално да стави потпис на договорот, треба да одржи уште еден разговор со сопственикот на екипата, американскиот милијардер Тод Боли, околу летниот преоден рок и кои играчи би се нашле на трансфер-листата.

Според англиските медиуми, тој ќе има големо влијание врз трансфер политиката, односно, ќе се продаваат или купуваат играчи само доколку тој даде зелено светло.