Според пишувањето на некои медиуми во Шпанија, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез неочекувано добил понуда да го ангажира Жоао Кансело.
Португалскиот репрезентативец во моментов е позајмен во Баерн, а Манчестер Сити нема намера да го врати во своите редови.
Патем Жоао Кансело не е задоволен од статусот кај Баварците и откако дојде во Минхен во текот на јануарскиот преоден рок тој има само 13 настапи, а еднаш успеа и да се запише во листата на стрелците.
Дваесет и осум годишниот Кансело со првакот на Англија има договор до 2026 година, а најголем проблем околу реализација на неговиот трансфер е висината на обештетувањето кое изнесува 70 милиони евра.