четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмногу дожд во Пожаране

Најмногу дожд во Пожаране

Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Пожаране, 19 литри на метар квадратен, а најмалку, три литри на единица површина, во Демир Капија.

Како што информира УХМР, до осум часот утрово се измерени 11 литри на метар квадратен во Дебар, 9 во Охрид и Крушево, 7 во Крива Паланка и Куманово, 6 во Претор и Прилеп, 5 во Дојран и Струмица, како и 4 во Битола, Штип и Скопје-Петровец.

Температурата до 8:30 часот била 8 степени целзиусови во Маврови Анови, 9 Крушево, 10 Пожаране, 11 Прилеп, Крива Паланка, Охрид, 12 Струмица, Дојран Дебар, Битола, Претор, Скопје – Зајчев Рид, Тетово и 13 во Штип.

Според УХМР, времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени.

Најнови вести