Давид Де Хеа, 32-годишниот шпански голман на Манчестер Јунајтед, ја обезбеди втората награда „Златна ракавица“ во Премиер лигата во кариерата.
Во 36. коло Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ го совлада Вулверхемптон со 2:0, а воедно тоа беше шеснаесетти првенствен натпревар сезонава на кој Де Хеа ја чуваше мрежата.
Второто место на оваа ранг листа го делат голманите на Арсенал, Ливерпул и Њукасл: Арон Рамсдејл, Алисон и Николас Поуп. Сезонава нема примено гол веќе тринаесет натпревари. До крајот таа тројка може само да се израмни со Де Хеа, кој на тој начин си обезбеди нов трофеј или самостојно или ќе го подели со некого.