понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Никола Јокиќ ги остави зад себе Џордан, Леброн, Шек…

Никола Јокиќ ги остави зад себе Џордан, Леброн, Шек…

Никола Јокиќ игра неверојатна сезона во НБА лигата во која го предводи Денвер до место во финалната серија од Западната конференција.

Српскиот интернационалец доминацијата ја отслика со трипл-дабл просек во серијата против Феникс, а сега се појави нов податок кој го стави пред Мајкл Џордан, Леброн Џејмс, Шекил О’Нил…

Станува збор за индексот на корисност забележан во плејофот според кој Србинот со 29.04 во просек е најдобриот во историјата на првенството. Зад него е Мајкл Џордан со 28.60, Џорџ Микан со 28.51, Леброн Џејмс со 27.97…