Лоши вести за Србија пред Светското првенство во кошарка. МВП на Евролигата во изминатите две сезони Василије Мициќ, се повреди откако со колено се удри со еден играч на Фенербахче во дербито на Турција, и со количка го напушти теренот.
Дополнителните прегледи ќе покажат колку ќе паузира Србинот, но според првите прогнози вестите нема да бидат добри за селекторот Светислав Пешиќ.
Доколку Василије Миџиќ не биде во комбинација, тоа ќе биде голем хендикеп за нашиот северен сосед.