четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

По слетувањето во Манчестер – Реал наишле на првиот проблем

По слетувањето во Манчестер – Реал наишле на првиот проблем

Тимот на Реал Мадрид слетал во Манчестер, каде ќе го играат реваншот против Сити вечерва.

Тие допатувале вчера, каде го одработија и последниот тренинг пред одлучувачкиот натпревар, но неочекувано, веќе на слетувањето имале проблем поради кој Анчелоти пројавил незадоволство од организацијата.

Имено, тимот бил присилен да чека скоро еден час од пристигнувањето на аеродромот, додека да пристигне автобусот. Според пишувањата на англиските сајтови, Анчелоти бил незадоволен од таквото сценарио.

„Потполно сум мирен, полн со надеж и верба. Грижата доаѓа на денот на натпреварот, размислуваш за повеќе работи, дали Халанд ќе постигне гол, или Де Бруин. Но се обидувам и да не мислам многу за тоа. Среќни сме што сме овде, за нас е вообичаено да играме полуфинале секоја година. Последните 13, игравме 11 пати во полуфинале, тоа не е лесно, па ќе се обидеме и вечерва да го направиме истото“, порача Анчелоти.