недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Aнчелоти: Се соочивме со многу силен тим

Aнчелоти: Се соочивме со многу силен тим

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти како вистински спортист му честиташе на својот колега Пеп Гвардиола и призна дека Манчестер Сити вечерва бил многу подобар од неговиот тим.

„Се сретнав со Флорентино Перез. Не можам да ви кажам за што разговаравме, но тој зборуваше и со тимот во соблекувалната. Иднината е многу јасна, овој пораз ќе ни помогне да бидеме подобри следната сезона.Едноставно се соочивме со многу силен тим и не можевме да се вратиме во игра.

Тие одиграа подобро од нас, притискаа високо и продолжија да го прават тоа во текот на целиот натпревар. Понекогаш може да се загуби, тоа не е ништо ново во спортот, не е трагедија, има многу полоши работи во животот и спортот. Факт е дека имавме одлична сезона во Лигата на шампионите.

Ние сме Реал Мадрид и ќе се обидеме повторно“, заврши Анчелоти.