среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Повредата на Василије Мициќ не е сериозна

Повредата на Василије Мициќ не е сериозна

Еден од најдобрите кошаркари на Србија, Василије Мициќ кој ја освои наградата МВП во Евролигата во изминатите две сезони, во количка го напушти натпреварот со Фенербахче.

Оваа повреда на Мициќ дојде пред Мундобаскетот, кој е на програмата кон крајот на август и се стравуваше дека бекот нема да може да игра. Сепак, од Турција доаѓаат поволни вести.

Неговиот агент изјави дека Мициќ нема да го чека долга пауза, односно дека ќе паузира максимум 10 дена, и потоа ќе се врати на паркетот. Тоа е добра вест и за српскиот селектор Светислав Пешиќ кој во Мициќ гледа како еден од главните адути за добар резултат на Мундобаскетот.