среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорѓиевски: Власта за договорот со Бехтел и Енка сака да злоупотреби огромни средства под превезот на европското знаменце на штета на државата и граѓаните

Ѓорѓиевски: Власта за договорот со Бехтел и Енка сака да злоупотреби огромни средства под превезот на европското знаменце на штета на државата и граѓаните

Целиот сомнеж во договорот со Бехтел и Енка се јави кога почна да се крие, а потоа се потпиша, па се пристапи кон измена на закони, што е апсурд од сериозни размени, и посериозно е што се злоупотребува европското знаменце, изјави градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски за „За или против“ на Алфа телевизија.

Тој посочи и дека имаше и реакција од Европската Унија, затоа што се знае за кои договори треба да се употреби европското знаменце, а ние како држава излегуваме несериозни и смешни пред меѓународните партнери.

– Факт дека никој не треба да премолчи на ова. Тие пари ќе се враќаат со години, тоа се огромни суми на средства за кои претпоставувам дека во најголем дел ќе бидат злоупотребени. Ние видовме дека оваа влада нема капацитет да го сервисира она што беше изградено во минатото, а камо ли нешто ново да направат, изјави Ѓорѓиевски.

Според Ѓорѓиевски власта се надева дека на крај на мандат ќе извлече корист преку злоупотреба на европското знаменце, но сето тоа ќе отиде на штета и на Македонија и на граѓаните.

– Во услови кога има пораз на секое поле, се решаваат на ваков потег, претпоставувам дека некој го прави за лична, приватна корист од сето тоа и ќе ја заглави цела држава и целиот народ. Така не може да поминат овие работи. Власта се надева дека под превезот на европското знаменце ќе ги смени законите и дека ќе каже дека ВМРО-ДПМНЕ е против да се гради. ВМРО-ДПМНЕ не опструира проекти добри за државата, тука има сериозни сомнежи и злоупотреби, потенцираше тој.

Тој посочи дека затоа владата упорно го крие договорот.

– Актуелната влада предводена ДУИ и поддржана од СДС, се труди да го скрие договорот со Бехтел и Енка од јавноста, а факт е дека тоа не се пари ниту на Артан Груби, ниту на ДУИ и СДС, туку тоа сер пари ќе ги враќаат нашите деца и сите останати идни генерации во држава, рече Ѓорѓиевски.

Најнови вести