недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Везенков: МВП наградата ја посветувам на мајка ми

Везенков: МВП наградата ја посветувам на мајка ми

Алесксандар Везенков е изборот на Евролигата за најкорисен играч на сезоната 2022/23. Бугарскиот репрезенттивец имаше импресивна статистика предводејќи го Олимпијакос до првата позиција на табелата со просек од 17.2 поени, 6.8 скокови и 1.8 асистенции по натпревар.

МВП наградата Бугаринот ја посвети на неговата фамилија, посебно на неговата мајка за кој вели дека жртвувала многу за тој да биде тука денеска.

„Фамилијата е се за мене, тие ме поттикнаа да се занимавам со кошарка, да бидам подобар човек. Пример ми беше татко ми кој играше кошарка. Нему, на мојата мајка и мојата сестра им должам се бидејќи беа со мене низ целиот пат. И покрај тоа што односот со татко ми е специјален, оваа награда морам да ја посветам на мојата мајка. Додека татко ми мораше да работи како главен менаџер во Бугарија во Лукоил на мои шест години таа ме израсна. Ме носеше на тренинг и до училиште секој ден во Солун“, вели Везенков.