И бремена го бодри саканиот од трибините…
Анастасија Ражнатовиќ откако е во блажена состојба ретко се огласува на социјалните мрежи, а сега на стори на Инстаграм објави видео од стадион и покажа како ужива на натпреварот со Драгиша, братот на Немања Гудељ.
Имено, вчера Севиља играше против Јувентус, а тие го бодреа Немања и неговиот клуб, кој помина во финалето на Европската лига.
Анатасија натпреварот го проследи без грам шминка, со качкет на глава, а двајцата биле пресреќни што клубот на Немања победи и помина во финалето кое ќе се одржи во Будимпешта.
Таа и овој пат избегна да го сними трудничкиот стомак, а како што многумина коментираат, поради бебето кое го носи се има променето малку.
„Колку се променила, навистина е убава“, „Прекрасна си девојко и без шминка“, „Преслатка е откако е во блажена состојба, лицето ѝ блеска“ – забележаа нејзините следбеници.