Винисиус Жуниор беше мета на расистички напади на дуелот меѓу Валенсија и Реал Мадрид во шпанската Ла Лига, по што поранешниот гигант реши да поднесе тужба.
„Кралевите“ покажаа револт и ги осудија случувањата на „Местања“, по што соопштија дека ќе бараат правда.
„Реал Мадрид смета дека ова е чин на омраза и поради тоа поднесовме пријава до канцеларијата на Обвинителството. Членот 124 од Уставот на Шпанија го обврзува државниот обвинител да преземе акција кон одбрана на правата на сите граѓани и јавниот интерес“, соопшти шпанскиот гигант.