петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Полицијата го посетила Морент по загрижувачките пораки испратени преку Инстаграм (ВИДЕО)

Полицијата го посетила Морент по загрижувачките пораки испратени преку Инстаграм (ВИДЕО)

НБА ѕвездата Џа Морент и натаму е топ тема во медиумите со погрешна причина, а сите ги загрижи фановите со пораките кои ги испрати преку својот Инстаграм профил.

Кошаркарот кој доби две суспензии поради објавени видеа на кои се забавува со огнено оружје, се „збогувал“ со родителите и својата ќерка преку Инстаграм стори, а работата отишла дотаму што полицијата решила да го посети за да се увери дека е во добра состојба.

Пораките на Морент предизвикаа паника и многумина протолкуваа дека Морент може да си наштети себеси, па медиумите објавија дека бил посетен од полицијата, чии претставници сакале да се уверат дека се е во ред со кошаркарот на Мемфис.

Полицијата добила објаснување дека Морент сакал да порача дека ќе одмори од социјалните мрежи и немал друга намера.

https://twitter.com/i/status/1661351153605705728