недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Руди, Чачо и Љуљ ќе играат за Шпанија на Мундобаскетот

Руди, Чачо и Љуљ ќе играат за Шпанија на Мундобаскетот

Претседателот на шпанската кошаркарска федерација, Хорхе Гарбахоса објави дека Руди Фернандез, Серхио Родригез и Серхио Љуљ ќе играат за националниот тим на претстојното Светско првенство кое од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Сите членови на легендарното трио, кои во неделата со Реал ја освоија Евролигата, потврдија дека ќе играат на Светското првенство. Љул и Родригез не играа на минатогодишниот Евробаскет, додека Руди Фернандез со Шпанија ја освои титулата европски првак. Шпанија е и актуелен светски шампион. Во првата фаза од Мундобаскет, Шпанија ќе игра во групата Г со Иран, Бразил и со Брегот на Слоновата Коска.