Во Федерацијата Бих од денеска не се пуши во затворени јавни места, во јавниот превоз и во автомобилите каде што има малолетници, бидејќи стапи во сила Законот за забрана за пушење на јавни места.
Сопствениците на угостителски објекти во кои најмногу се конзумираат цигари ќе бидат обврзани на видливи места да го истакнат знакот „забрането пушење“, пренесува весникот „Независне новине“.
Пепелници и други садови за одложување пепел не смеат да бидат изложени во објектот, а пушењето е дозволено само во посебни простории за оваа намена.
Угостителските објекти ќе имаат рок од шест месеци за прилагодување, додека казнувањето на физичките лица ќе започне веднаш.
– Важно е да се напомене дека опсегот на казните се движи од 100 до 15.000 конвертибилни марки, но тие почнуваат да се наплатуваат една година од датумот на примена на законот. Инспекции ќе вршат кантоналната инспекција, пазарно-туристичката инспекција, санитарната инспекција, секоја во рамките на својата надлежност, изјави портпаролката на Управата за инспекциски работи на кантонот Сараево, Вилдана Брдариќ.
Покрај цигарите, забраната опфаќа и употреба на наргиле, водено луле, електронски цигари и билни производи за пушење.