вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Ѓорѓиевски: Селективниот пристап на владата за помагање на општините е очигледен

Ѓорѓиевски: Селективниот пристап на владата за помагање на општините е очигледен

Откога сум претседател на ЗЕЛС, градоначалничката на Град Скопје не е дојдена на седница на ЗЕЛС. Тоа е нејзин избор, нејзино право, истакна Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода во емисијата „24 анализа“.

Во текот на емисијата посочи дека власта повеќе им помага на општините каде што градоначалници се од редовите на нивните партии.

„Јас како Општина се наоѓам во солидна кондиција и немам проблем финансиски. Притоа не спаѓам во општини кои што бараат задолжување или се задолжуваат. Имаме тековни долгови околу 40-тини милиони, но имаме 40-тина односно плус од 40 милиони на сметката. Што значи дека добро го раководиме буџетот. Земајќи во предвид дека Општината пред година ипол ја наследив со над 3 милиони евра буџетска дупка“, рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека не може во една општина инвестициите од владата да се 5 милиони или 3 милиони, а во Кисела Вода за година и пол да се нула.

-Општина Кисела Вода е во топ 5 општини по капитални инвестиции во првиот квартал, 9,75% капитални инвестиции. За селективниот пристап на централните институции може да говориме со денови, како помагаат на свои миленичиња, и ајде што не помагаат на општини каде сме различна политичка партија имаме опструкции, одземање инструкции на колеги. Што значи нашата заложба е фискалната децентрализација да ја кренеме на повисоко ниво. Да не може некој врез свои лични чувства, убедувања, реваншизам да одлучува каде што и како ќе се инвестира. Во државниот буџет партиципираат сите граѓани. Не може во една општина инвестициите од владата да се 5 милиони или 3 милиони, а во Кисела Вода за година и пол да се нул“, нагласи тој.