петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен 79 годишен скопјанец, во автобус допирал малолетничка

Уапсен 79 годишен скопјанец, во автобус допирал малолетничка

На 30.05.2023 во 12.45 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Л.Т.(79) од Скопје затоа што претходно во градски автобус допирал по телото малолетничка од Скопје, информира МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.