четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВИКЕНДОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК – иако ќе имаме големо разочарување за споениот викенд, сепак ни доаѓа највисоката температура досега!

ВИКЕНДОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК – иако ќе имаме големо разочарување за споениот викенд, сепак ни доаѓа највисоката температура досега!

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Само на југоистокот ќе се задржи постабилно со изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има услови за краткотарен пороен дожд во делови од котлината и услови за изолирана појава на град.

Во сабота времето ќе биде претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во недела времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.

Во понеделник времето ќе биде претпладне малку до умерено облачно, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и со изолирана појава на град.

 

 

 

Најнови вести